За македонските работи

За првпат во Македонски Брод!

Марјан Георгиевски пристигнува со хитот Stand Up Comedy „За македонските работи“!

Датум на одржување: 28.10.2026 година.

Почеток: 20:00 часот.

Локација: Дом на култура „Македонски Брод“

Продажба на влезници:

  • Дом на култура и
  • Кафе Бахус

Инфо и резервации: 077 622 514 (Бамбо)

Картите се во ограничен број, резервирајте си го своето место на време.

Јубилеен концерт по повод 45 години постоење на КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод

        

 

           Чест ни е и задоволство да Ве поканиме на нашиот јубилеен концерт по повод 45 години постоење на КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод.

          Концертот е насловен „45 години традиција, оро и песна“.

          Концертот ќе се одржи на 05.09.2026 година со почеток во 18:00 часот.

          Место на одржување на концертот Дом на култура – Македонски Брод.

          Дојдете заедно да прославиме 45 години исполнети со македонска песна, оро и традиција.

Концерт на староградска музика

          После првиот успешен концерт ,,Вино и нотиʼʼ, музичарите од Македонски Брод ве покануваат на уште една незаборавна музичка вечер !
          Овој пат подготвуваме концерт посветен на староградската музика, исполнет со прекрасни македонски песни, емоции и повторно прекрасна атмосфера.
На сцената ќе настапат музичарите од Македонски Брод заедно со нивните музички гости од соседните градови.
 
          Датум: 24-ти јуни 2026 година
 
          Почеток: 20:00 часот
 
          Место на одржување: Дом на култура
 
          Влезници по цена од 150 денари и истите можат да се купат во просториите во Домот на културата.
 
          Не пропуштајте ја можноста да уживате во уште една музичка вечер исполнета со прекрасни староградски песни!

Стендап комедија со Никола Тодороски

Komedija 11.06.2026

Доаѓа легендарниот Никола Тодороски со стендап шоуто „ОПСТАНОК“ — шоу каде секој ќе се пронајде… и ќе се смее до солзи!

Датум: 11.06.2026 година

Почеток: 20:00 часот

Место на одржување: Дом на култура

Билети во продажба по цена од 250 денари.

Информации на тел: 077 662 514 – Бамбо.

Побрзајте местата се ограничени.

Ако ти треба терапија од секојдневниот стрес — ова е вистинското место!

Повик за пријавување на детскиот фестивал „Распеано Бротче“

          Доколку вашето дете сака музика, пеење и настап на сцена ова е вистинска можност да го покаже својот талент и да биде дел од една прекрасна музичка приказна наречена „Распеано Бротче“

          Пријавете ги вашите дечиња и овозможете им незаборавно искуство, нови пријателства и многу детска песна и радост.
 
          Пријавувањето ќе биде од 6-ти до 13-ти Мај 2026 година во просториите на Дом на култура „Македонски Брод“ од 09:00 до 14:00 часот!
 
          Аудицијата на пријавените кандидати ќе се одржи на 16-ти Мај (Сабота) во просториите на Дом на Културата „Македонски Брод“ од 10:00 часот.
 
          Бидете дел од новото музичко патување со „Распеано Бротче“

Концерт по повод празникот „Св.Трифун“, 12.02.2026 година

Акустична вечер во чест на празникот ,,Св.Трифун” исполнета со емоции и безвременски македонски забавни балади.

Датум на одржување: 12.02.2026 година

Место на одржување: Дом на култура „Македонски Брод“

Почеток: 18:30 часот

Влезници: 100 денари

(Може да се купат во Дом на култура – ,,Македонски Брод” секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот или на денот на самиот концерт).

На сцената ќе настапат музичари од Македонски Брод, кои ќе ве поведат на топло музичко патување со најубавите домашни балади, во акустична атмосфера.

Дојдете да уживаме во музичките ноти и заедно да создадеме една незаборавна вечер.

 

Покана за манифестација „Фестивал на костенот 2025“

          Општина Македонски Брод Ве поканува да земете учество на манифестацијата „Фестивал на костенот 2025“ кој ќе се одржи на ден 21 и 22.11.2025 година.

          Почетокот на манифестацијата односно музичката забава „Ноќ на костенот“ е на 21.11.2025 година во 19:30 часот.

          На 22.11.2025 година со почеток во 10:30 часот во Домот на култура „Македонски Брод“ ќе се одржи изложбата „Златен костен“.

          Потоа во 11:00 часот следува дефиле од Домот на култура до градскиот плоштад.

          Kултурно уметничката програма ќе започне во 11:30 часот.

          Повелете Ве очекуваме.

Манифестација „Фестивал на костенот 2024“

          Општина Македонски Брод им соопштува на граѓаните дека манифестацијата „Фестивал на костенот“ 2024, ќе се одржи во деновите 25 и 26.10.2024 година. Предвидено е манифестацијата да започне на 25.10.2024 година со почеток во 20:00 часот, со музичка изведба на нашите музичари Кико и Соци, потоа следува настап на Даниел Крстески, а по него групата „Инструментал“, музичката вечер ќе ја круниса со настап нашата музичка звезда Ламбе Алабакоски.

          На 26.10.2024 година со почеток во 10:30 часот, предвидена е изложба „Златен костен“, која ќе се одржи во Домот на култура „Македонски Брод“, потоа следува дефиле до градскиот плоштад, а во 11:30 часот, предвидено е да започне богата културно-уметничка програма со учество на културно-уметнички друштва, групата „Кале“ и Никола Андрески.

Филмско прикажување „Смолата - традиција и лек“

            Прикажување на снимен материјал по проект одобрен од Министерство за култура и туризам за 2024 год. од теренско истражување во с.Требовле за смоларењето како занает.
             Смоларењето како занает се споменува уште во времето на Галско-Римските војни. Во Поречкиот регион е најкарактеристично за жителите на селото Требовље. Голем број на жители на Требовље, работеле во фабриката за терпентин и калофон „Капина“ сместена во истоимената месност во атарот на селото Здуње. Во фабриката или на „белење“ на бор работеле 23 работници.
           Смолата се исцедува од стеблата на црниот бор на тој начин што се прави засек – „жива рана“. Со специјален алат се лупи кората на површина од околу две дланки сè до белата дрвна маса. Потоа со смоларска секира, во облик на кука, попречно се прави прорез до сржта на стеблото во форма на кружен полумесец, се става парче лим во форма на чешмиче, а под него клинец на кој се прицврствува печено земјано лонче во кое се собира смолата.
          За да се наполни еден сад со смола од 250 грама потребни се петнаесетина дена. Кога смолата ќе прекипи, смоларите организирале акции за нејзино истресување во специјални канти. Со посебна лажица смолата се собира во канти, кои потоа се товараат на коњи и се носат на преработка во фабрика. Постои таканарачена германска метода на смоларење, со која стеблото се ранува со надолжни сечења на кората, и француска метода со која кората се реже попречно во етапи.
          Се смоларело од март до октомври. Од смолата се произведува карактеристична течност наречена нефт која се употребува како народен лек за лекување на ревматски заболувања, рани и слично. Од остатоците на боровите дрвја се произведува катран којшто, исто така, според народното уверување, има лековити својства.