Во М. Брод по 18 пат се одржа манифестацијата Костенијада или Фестивал на костенот. Костенот е најпознатиот бренд на Поречието кој го има и на грбот на оваа Општина.

Манифестацијата низ годините прерасна во вистинска атракција каде во нејзин состав се одржуваат изложби на рачни ракотворби од костени, а има и богата културно уметничка програма со играорни друштава од цела Македонија.

Костенот претставува и значаен земјоделски продукт од кој доста добро се заработува. Особено Поречкиот костен е еден од најбараните во Македонија и идната година општината планира да го брендира како костенот, така и поречкиот мед.
.